Медиумите во Италија пишуваат дека Милан ги следи настапите на Матео Песина кој во последно време игра одлично во дресот на Аталанта.
„Росонерите“ го продадоа Песина за нешто помалку од два милиони евра, но во договорот има и клазула со која треба да добијат 50% од следната продажба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
23-годишниот Песина игра одлично и добива голема доверба од Гасперини, па го привлече вниманието на големите клубови, а неговата цена драстично порасна.
Милан е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи може да го откупи за 50% од неговата вредност, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ одлучиле да го вратат на „Сан Сиро“.
Цената на Песина во моментов е 20 милиони евра, па Милан може да го откупи за 10 милиони евра.