Милан одлично ја започна сезоната се наоѓа на врвот на табелата во Серија А.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ сакаат додатно да го засилат тимот во зимскиот преоден рок, а Малдини веќе работи на нови засилувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, главна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре.
Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.
Милан има одлични односи со Лил од каде минатото лето го донесе Рафаел Леао за 30 милиони евра, а се претпоставува дека и трансферот на Сумаре ќе чини осто толку.