Милан и Црвена Звезда постигнале начелен договор за трансфер на талентираниот Марко Лазетиќ, пренесуваат српските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наскоро директорот на Црвена Звезда, Терзиќ ќе има состанок со Паоло Малдини во Милано за да се договорат последните детали.




Лазетиќ има само 17 години и до сега одигра пет меча за Црвена Звезда, но тоа беше доволно за да го приметат скаутите на италијанскиот гигант.




Станува збор за талентиран напаѓач, кој го привлече вниманието со двата гола против Зенит во младинската Лига на шампиони.




Српските медиуми пренесуваат дека Милан за неговиот потпис со вклучени бонуси ќе плати 5 милиони евра.