Дома Трансфер зона Милан го губи трпението со Пјонтек: Можна размена со Евертон?

Милан го губи трпението со Пјонтек: Можна размена со Евертон?

Милан и Евертом би можеле да направат размена во јануари.

Евертон според извештаите на италијанските медиуми можно е во јануари да направи голема замена на своите играчи со играчите на Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Калчомеркато“ пишува дека тимот од „Гудисон Парк“ може да им го понуди Моисе Кин на Милан во замена за полскиот напаѓач Пјонтек.

Младиот Кин ова лето пристигна од Јувентус во Евертон за 27.5 милиони евра, но се засега се покажува како целосно промашување.

Од почетокот на сезоната 19-годишниот фудбалер има одиграно 11 натпревари за англискиот клуб, но сеуште нема постигнато погодок и поради тоа јасно е зошто тој може да го напушти клубот во јануари.

Од друга страна, на Пјонтек оваа сезона не му оди како што беше случај кога пристигна во Милан од Џенова. Пјонтек оваа сезона на 12 натпревари за Милан постигна три погодоци.

Италијанските медиуми неодамна објавија и дека Милан го губи трпението со него, па размена со Кин кој играше добро во Серија А во Јувентус за „росонерите“ би можела да биде примамлива понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…