Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.
Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.
Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Во последните денови на големо се шпекулира со трансфер на Донарума во Јувентус, па „росонерите“ се спремни да тргнат по ѕвездата на „бјанконерите“.
Интерес за Дибала покажува и Интер, а самиот фудбалер преферира да остане во Серија А.