Како што изгледа ова ќе биде уште една лоша сезона за Милан и уште една потрошена година…
Само шест месеци откако американските сопственици го поставија Иван Газидис за главен човек во клубот, а тој ги именуваше Паоло Малдини и Звонимир Бобан за главни во спортскио сектор сега им спрема замена. Експресно би можел да замине и Стефано Пиоли кој неодамна го наследи Марко Џампаоло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Американците и Газидис сега имаат желба во Милан да го доведат Германецот Ралф Рагник кој веќе години наназад е главен архитект во фудбалските проекти на Ред Бул. Рагник би добил целосно одврзани раце во спортскиот сектор, а тоа значи дека тој ќе биде тренер на првиот тим, спортски директор, шеф на скаут службата и директор на младинската школа.
Вакво нешто досега не е видено во италијанскиот фудбал, но Газидис и Американците веруваат дека Рагник е човекот кој конечно може да започне една револуција која ќе донесе резултати.
Рагник долги години беше тренер во Германија во Штудгарт, Хановер, Шалке (во два мандати) и Хофенхајм, а во 2012 доби повик од Ред Бул да стане спортски директор на Салзбург и на што туку формираниот проект Лајпциг. Тој ги постави темелите на фудбалската империја на Ред Бул. Три години паралелно ги извршуваше директорските фунцкии во двата клуба, а во 2015 година си даде оставка во Салзбург и стана тренер на Лајпциг како решение за една сезона. Паралелно извршуваше и директорска функција во германскиот клуб кој експресно напредуваше.
Во 2016 година повторно се посвети само на директорската работа за минатата сезона повторно да ги обедини двете функции бидејќи Лајпциг не можеше да пронајде квалитетно решение за клупата. Минатото лето го заврши вториот тренерски мандат на клупата на Лајпциг, но и директорскиот. Компанијата Ред Бул го постави за директор на нивните развојни клубови во Њујорк и Бразил, меѓутоа се уште има некои ингеренциии во Лајпциг.
Очигледно овој човек поседува голем квалитет, ќе видиме дали Милан ќе успее во својата намера да го доведе.