Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец во зимскиот преоден рок поради повредата на Симон Кјаер.
Кјаер денес ќе биде опериран на лигаментите на коленото и најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, па приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде негова замена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој и во летниот преоден рок беше на мета на „росонерите“.
Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Милан веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.
Другата опција е Бремер од Торино, кој оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, но Торино не сака да го пушти на средина од сезоната.