Дома Трансфер зона Милан во пол-позиција за ѕвездата на Аталанта

Милан во пол-позиција за ѕвездата на Аталанта

Медиумите во Италија пишуваат дека Милан ги следи настапите на Матео Песина кој во последно време игра одлично во дресот на Аталанта.

„Росонерите“ го продадоа Песина за нешто помалку од два милиони евра, но во договорот има и клазула со која треба да добијат 50% од следната продажба.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


23-годишниот Песина игра одлично и добива голема доверба од Гасперини, па го привлече вниманието на големите клубови, а неговата цена драстично порасна.

Милан е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи може да го откупи за 50% од неговата вредност, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ одлучиле да го вратат на „Сан Сиро“.

Аталанта го проценува на 20 милиони евра, а тоа значи дека „росонерите“ можат да го донесат за 10 милиони евра во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…