Дома Топ вести Милан во пол-позиција за потписот на Ренато Санчез

Милан во пол-позиција за потписот на Ренато Санчез

Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез, пренесува „Газета дело Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.

Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

Лил е спремен да го продаде бидејќи Португалецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а „Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Милан и Лил се во одлични односи и се очекува лесно да стигнат до договор за трансфер тежок 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…