Дома Фудбал Италија Милан во натпревар кој требаше да го добие едвај извлече бод 🎥

Милан во натпревар кој требаше да го добие едвај извлече бод 🎥

Милан во 11. коло од Серија А ремизираше против Парма на „Сан Сиро“ со резултат 2:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навистина е неверојатно како Милан не победи во овој меч, но на крајот „росонерите“ мораа да спасуваат и бод.

Парма до водство дојде преку Хернани кој погоди во 13. минута после одличната асистенција од Жервињо. Милан потоа тргна кон голот на противникот. На Кастиљехо му беше поништен гол, а потоа тимот на Пиоли дури три пати ја погодуваше рамката од голот, Чалханоглу два пати еднаш Диаз.

Второто полувреме го отвори Чалханоглу со нова пречка, а казната стигна брзо. Куртич погоди за 0:2. Милан само две минути подоцна се врати во игра со голот на Тео Ернандез. Во судиското продолжение Ернандез постигна уште еден гол и не дозволи Милан да изгуби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валенсија избра: Ова е најдобрата одбрана на Димитриевски сезонава (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби уште едно признание од својот …