Фудбалерите на Милан ќе бидат ослабени на стартот од сезоната во Серија А.
На гостувањето во Сампдорија на 23. август нема да патуваат двајца важни фудбалери. Од претходно беше познато дека Златан Ибрахимовиќ кој се опоравува од повредата нема да биде во тимот, а сега пристигнуваат вести дека натпреварот ќе го пропушти и Франк Кеси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот од средината на теренот се повреди на тренингот вчера, за денес да биде утврдено дека се работи за проблем со мускулот.
Точното време на враќање на Ибрахимовиќ и Кеси не е познато, но извесно е дека нема да бидат спремни до крајот на месецот.
Со натпреварот Милан – Сампдорија се затвара првото коло од Серија А на 23. август од 20:45 часот.