Италијанскиот медиум „Спортмедиасет“ пренесува дека миланските гиганти, Интер и Милан се силно заинтересирани за играчот на Пари Сент Жермен, Хавиер Пасторе.
Паторе оваа сезона има мала минутажа и не може да се избори со силната конкуренција во тимот, па е спремен да ја промени средината бидејќи сака да биде во форма за Светското првенство во Русија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на ПСЖ исто така е спремно да го стави на трансфер листа Аргентинецот, а најсилен интерес во моментов покажуваат Интер и Милан.
Двата клуба сакаат да го донесат играчот во јануари на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната, но ПСЖ бара 30 милиони евра за неговата слобода.
Пасторе готово сигурно ќе го напушти Париз во зимскиот преоден рок, па останува да видиме кој клуб ќе ја добие битката за неговиот потпис.