Бенфика ја победи Барселона во Лигата на шампиони, а херој на мечот беше напаѓачот Дарвин Нуњес.
22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бенфика минатата година за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, а неговата цена драстично порасна во моментов.
Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент бил во Италија и имал средба со миланските гиганти Интер и Милан.
Дарвин е спремен на лето да се пресели во Серија А, но конкуренцијата за неговиот потпис е огромна.