Англиските медиуми пренесуваат информација дека Педро Родригез на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи.
Овој 31-годишен крилен фудбалер на „Стемфорд Бриџ“ пристигна уште во 2015 година, повеќе или помалку е стандарден во тимот на Маурицио Сари, меѓутоа англиските медиуми тврдат дека многу лесно на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат, за неговите услуги се интересираат клубови од Италија, особено градските ривали Милан и Интер, кои сакаат да го видат Педро во своите редови.
Ова можеби за Челзи е последна прилика да заработи нешто на транферот, бидејќи договорот на Педро со лондонскиот клуб важи до 2020 година.
Ова не е прв пат Педро да се поврзува со заминување во Италија, уште минатото лето беше на чекор од трансфер во Лацио, но тогаш наместо да си замине во Серија А одлучи да остане на „Стефнорд Бриџ“.
Оваа сезона Педро е во солидна форма, на 26 одиграни натпревари постигна осум гола, а забележа и една аситенција.
Милан и Интер во летниот преоден рок сакаат да се засилат на крилните позиции, па еден од фудбалерите на нивниот список е и екс играчот на Барселона, кој би можел да биде големо засилување, а неговата цена не е премногу висока во моментов.