Дома Трансфер зона Миланско дерби за италијански репрезентативец

Миланско дерби за италијански репрезентативец

Миланските гиганти Милан и Интер уште еднаш ќе ги одмерат силите, овој пат на трансфер пазарот, тврди „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И двата клуба покажуваат сериозен интерес за играчот на Сасуоло и италијански репрезентативец Стефано Сенси.

23-годишниот играч за врска е на радарот на „росонерите“ веќе подолго време, но сега и Интер се вклучи во траката за неговиот потпис.

Меѓутоа, намерата на Милан е да го договори трансферот во јануари, додека „нероаѕурите“ сакаат да почекаат до лето, кога играчот ќе влезе во последната година од договорот.

Сенси е член на Сасуоло од 2016 година и игра одлична сезона на „Мапеи“, па доби повик и во италијанската репрезентација.

Неговиот договор со Сасуоло истекува за 18 месеци и играчот не сака да го продолжи со оглед на фактот што за него интерес покажуваат миланските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…