Дома Фудбал Италија Миланското дерби повторно со легендарните капитени: Занети го поздрави враќањето на Малдини!

Миланското дерби повторно со легендарните капитени: Занети го поздрави враќањето на Малдини!

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети уште еднаш ја покажа својата големина и го поздрави враќањето на Паоло Малдини во Милан.

Малдини после цели 9 години се врати во матичниот клуб и ја презеде директорската функција, а Занети се радува што повторно ќе се сретне со својот ривал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навистина сум многу среќен и задоволен за Паоло, тој е феноменален професионалец и исклучително добра личност. Неговото враќање во Милан е позитивно за фудбалот, особено за италијанскиот. Навистина многу го почитувам“.

„Многу пати се сретнавме како противници, сега и двајцата имаме друга улога надвор од теренот. Како и да е, и натаму постои взаемната почит, ќе бидам навистина среќен кога ќе го прегрнам на следното дерби, исто како што го правевме тоа многупати ан теренот. Сакам да му посакам многу среќа во неговата нова авантура“, истакна Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…