Дома Фудбал Репрезентации Миланов: Македонија не е истата од пред две-три години, ги победија Италија, Германија, играа Европско првенство…

Миланов: Македонија не е истата од пред две-три години, ги победија Италија, Германија, играа Европско првенство…

Георги Миланов еден од наискусните бгуарски репрезентативеци кој беше соиграч на Висар Муслиу и Бобан Николов во МОЛ Фехевар зборуваше пред натпреварот помеѓу Бугарија и Македонија на 2. јуни.

За Миланов не е највежн натпреварот со Македонија, туку комплетната Лига на Нации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Првиот меч со Македонија не е најважен. Најважно е ние да го покажеме нашето вистинско лице, а нѐ чека доста тежок распоред, зашто првпат ќе играме четири меча во краток период и затоа се повикани повеќе фудбалери.

 Се надевам дека ќе го издржиме овој напорен период зашто имавме напорна сезона, а треба да покажеме дека сме добар тим. И треба да сме свесни дека Македонија не е истата од пред две-три години, моментно пишуваат историја, ја победија Италија, ја победија Германија, играа на Европското првенство. И Македонците заслужуваат респект, но ништо повеќе од тоа. Ние треба да излеземе и да ги победиме“, изјави Миланов.

Покрај Бугарија Македонија во овој циклус ќе се сретне уште со Грузија и Гибралтар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…