Дома Фудбал Мидо: Сакам да видам како ќе реагира Куман на зборовите на Меси

Мидо: Сакам да видам како ќе реагира Куман на зборовите на Меси

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси јавно го критикуваше раководството на клубот на заминувањето на Луис Суарез.

Веднаш откако дојде Куман на кормилото на Барселона му порача на Уругваецот да си бара нов клуб, а тоа воопшто не му се допадна на Меси.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не заслужи да биде исфрлен на начинот на кој тие го направија тоа. Вистината е, во овој момент, јас дури и не сум изненаден од нивните постапки. Ти посакувам се најдобро во иднина“, порача Меси.

Аргентинецот доби голема поддршка од неговите поранешни соиграчи. Се огласија Нејмар, Дани Алвеш, Цеск Фабрегас, а се огласи и поранешниот египетски фудбалер Мидо.

Тој работеше со Куман во Ајакс и на своја кожа почувствува што значи одмаздата на холандскиот тренер.

„Би сакал да ја видам реакцијата на Роналд Куман на она што Меси го рече денес во збогувањето со Луис Суарез. Куман ме „масакрираше“ и ме замоли да го напуштам Ајакс кога искрено зборував во јавноста за тимот, иако имав само 18 години. Секако, не се споредувам со Меси, но ова е многу интересно“, рече Мидо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…