Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ: Атакуваме на сите домашни титули и опстанок во АБА лигата

МЗТ: Атакуваме на сите домашни титули и опстанок во АБА лигата

Во пресрет на новата сезона во АБА и еден ден по освојувањето на петтиот трофеј во Суперкупот, МЗТ Скопје Аеродром организира прес-конференција на која присутните новинари беа запознаени со амбициите, желбите, ситуацијата со повредите и со изгледот на тимот.

Прв говореше извршниот директор Филип Ѓоревски, објасно како е формиран тимот со кој ќе пробаме да ја продолжиме доминацијата на домашна сцена и да опстанеме во АБА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Целите на МЗТ Скопје Аеродром како и секоја сезона се атак на сите трофеји во домашниот шампионат и што е можно подобро претставување на македонската кошарка на интернационално ниво. Не сакаме да си создаваме дополнителен притисок околу резултатите и затоа ќе одиме меч по меч. Се обидовме да собереме се што е најдобро од мак кошарката во моментов како и со странски засилувања дополнително да го засилиме тимот“ , изјави Ѓоревски.

Следен своето видување го искажа тренерот Александар Петровиќ.

„Пред нас е интересна, но пред се тешка сезона. МЗТ сезонава ќе напаѓа на сите домашни титули, а наша примарна цел е да се опстане во АБА, која е меѓу трите најдобри лиги во Европа. Веќе в сабота нè очекува дуел со Црвена Звезда, евролигашка екипа со буџет кој е десет пати поголем од нашиот. Но, нема да одиме со бело знаме, ќе дадеме сè од себе колку што можеме. Имаме и повредени играчи, но и покрај тоа одиме да се надигруваме и да уживаме. Во првите пет кола имаме четири средби со главните претенденти за освојување на АБА лигата. Очекувам добра сезона, да нè служи здравјето, задоволен сум од работата на играчите на тренинзите и натпреварите“, изјави Петровиќ.

Капитенот Дамјан Стојановски се надоврза на тоа што кажа тренерот Петровиќ.

„За два дена за нас стартува АБА-лигата, која е меѓу трите најквалитетни во Европа. Пред нас е напорна и тешка сезона, но ќе одиме на победа на секој натпревар. Во АБА секој дуел за нас ќе биде финале, а секоја победа – злато вредна. Се надевам на што е можно повеќе победи и добра презентација на македонската кошарка “, изјави Стојановски.

Експедицијата на МЗТ Скопје Аеродром утре ќе замине за Белград, каде што в сабота ќе ѝ гостуваме на Црвена Звезда (20 часот). Првиот домашен дуел е закажан за на 10 октомври против Партизан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…