Флојд Мејведер повторно е спремен да се бори со Конор Мекгрегор.
Поранешниот шампион со ирската ММА ѕвезда одработи борба во 2017 година. Борбата беше прекината во 10. рунда, а Мејведер од тој меч заработи 300 милиони долари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бидејќи Конор неодамна најави нов боксерски меч Флојд порача дека е спремен повторно со него за нови 300 милиони долари.
„Борба против Конор се лесни пари. Заработив 300 милиони долари во првата борба секако дека за истата сума повторно би влегол во рингот. Конор не знае да се бори. Не се сеќавам дали воопшто ми упати аперкат во борбата. Можеби звучи чудно, но не го сакам Мекгрегор навистина е така“, изјави Флојд.
Конор претходно најавуваше боксерски меч против уште една легенда од овој спорт, Мани Пакјао.