Дома Фудбал Лига на шампиони Мехенгладбах броеше до шест, Атлетико не успеа да ја освои Москва

Мехенгладбах броеше до шест, Атлетико не успеа да ја освои Москва

Борусија Мехенгладбах го „прегази“ Шахтјор со 6:0, додека Атлетико Мадрид не успеа да слави на гостувањето во Москва.

Атлетико добро го отвори мечот и поведе во 18-та минута со голот на Гименез. Меѓутоа, Локомотив успеа брзо да се врати во игра и израмни во 25-та минута. Судијата поради игра со рака во казнетиот простор покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Миранчук.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот дел Атлетико беше подобар противник и се обидуваше да стигне до трите бода, но не успеа да ги искористи шансите.

Борусија Мехенгладбах славеше со високи 6:0 на гостувањето кај Шахтјор.

Плеа го отвори резултатот, потоа Шахтјор си постигна автогол, па истиот играч зголеми на 3:0. Мехенгладбах тука не застана па во 44-та минута Бенсебаини зголеми на 4:0.

Ларс Стиндл во второто полувреме погоди за 5:0, а Плеа при самиот крај на мечот го комплетираше хет-трикот за конечни 6:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со победата Борусија на Бундеслигата и донесе уште едно место во ЛШ

Борусија Дортмунд го победи ПСЖ со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампио…