Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург подобар од шампионскиот тим на Вардар

Металург подобар од шампионскиот тим на Вардар

Ракометарите на Металург направија голем подвиг откако вчера вечер, во натпреварот од првото коло од плеј офот, го победија шампионот Вардар со 29:26 (15:13). Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“ пред полни трибини, а Металург ја искористи предноста на домашен терен да извојува значајна победа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во првиот дел двете екипи се менуваа во водство, кое по 30 минути беше во корист на играчите на тренерот Лино Червар. Во вториот дел тренерот на Вардар Раул Гонзалез се обиде да внесе промени во играта, но неговата екипа само во два наврати изедначи (17:17 и 21:21).

Во финишот на дуелот Металург стигна и до четири разлика и заслужено оствари победа. Најефикасен на натпреварот беше Немања Обрадовиќ од Металург со 10 голови, додека кај Вардар Иван Чупиќ постигна шест голови.

На завчера одиграните дуели од 1.коло од плеј офот: Охрид – Работник Еурофарм 28:23 и Борец – Пелистер 29:33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…