Дома Фудбал Месут Озил заминува од Лондон и кариерата ја продолжува во САД?

Месут Озил заминува од Лондон и кариерата ја продолжува во САД?

Фудбалерите на Арсенал денеска играат на домашен терен против Барнли во рамките на второто коло од англиската Премиер лига.

Арсенал минатиот викенд во гости го совлада Њукасл со 1:0 и со три бода ја започна новата сезона, а сигурно дека избраниците на Емери сакаат и денеска повторно да ги израдуваат своите навивачи со нова победа.

Во конкуренција за овој натпревар би требало да бидат Месут Озил и Сеад Колашинац кои некое време се надвор од сите случувања. Скоро цела недела не ги напуштија своите домови поради проблеми со мафија кои продолжија откако двајца разбојници се обидоа да ги ограбат.

Но, Озил и Колашинац конечно започнаа со тренинзи во четвртокот и Емери порача дека ќе смета на нив за овој натпревар. Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека ова може да биде последен натпревар за Озил во дресот на Топџиите.

Англиските медиуми утрово објавија дека постои голема шанса Озил кариерата да ја продолжи во САД. Наводно, негови претставници се наоѓаат во Вашинтон каде ќе се обидат да договорат трансфер во ДЦ Јунајтед.

Како што стојат работите, Озил сака да замине што подалеку од Лондон откако тој и неговата сопруга се најдоа на големи проблеми и на мета на мафија. Но, дали Арсенал ќе го продаде останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…