Во време кога парите и милионските договори имаат големо влијание на одлуката на некои фудбалери за тоа каде ќе ја продолжат кариерата, Иаго Аспас е навистина редок случај.
Фантастичниот напаѓач на Селта не играше три месеци поради повреда, а без него Селта победи само на еден од 11 натпревари и се најде во зоната на испаѓање. Но, откако Иаго се врати на теренот Селта освои седум бодови во три натпревари. Тие бодови Иаго практично ги донесе сам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Против Виљареал постигна два гола во големиот пресврт и победата од 3:2, кон средината на минатата недела постигна еден и два пати асистираше во ремито со Хуеска од 3:3, за вчера против Реал Сосиедад да постигне два гола во уште еден пресврт на Селта за победа од 3:1.
Иаго Аспас е дете на Селта, а колку му значи клубот кој го израсна покажа во зимскиот преоден рок.
Шпанските медиуми објавија дека Аспас во јануарскиот преоден рок имал понуда вредна седум милиони евра по сезона од кинески клуб, но милионите за него не биле премногу важни и ги одбил Кинезите со цел да и помогне на Селта да остане во друштвото на најдобрите. Освен тоа тој го продолжи договорот со овој клуб до 2022 година и заработува 1.8 милиони евра по сезона.
Aspas had an offer from China in January. He could have gone and earned SEVEN MILLION EUROS a year. He didn't. He stayed. To save his club. And at the moment he is currently (almost) single-handedly keeping Celta Vigo up.
— The Spanish Football Podcast (@tsf_podcast) April 7, 2019
Оваа сезона Аспас на 23 натпревари постигна 16 голови и запиша четири асистенции.