Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Лионел Меси ќе ги обнови тренинзите денес, пренесува „Паризиен“.
Меси има мала повреда на левото колено, која ја доби за време на мечот со Лион минатиот викенд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси го пропушти дуелот со Мец пред два дена, но во ПСЖ се надеваат дека ќе биде спремен за мечот од Лигата на шампиони.
ПСЖ ќе ги одмери силите со Манчестер Сити во ЛШ на 28 септември и Меси најверојатно ќе биде спремен за тој дуел.
После првите 7 кола во Лига 1, ПСЖ е лидер на табелата со 7 бода повеќе од Марсеј.