Дома Фудбал Останато Меси чекори кон одбрана на титулата: Кај кого ќе заврши „Златната копачка“ оваа сезона?

Меси чекори кон одбрана на титулата: Кај кого ќе заврши „Златната копачка“ оваа сезона?

Лионел Меси овој викенд запиша хет-трик против Реал Бетис во шпанското првенство, а овој хет-трик му го донесе и лидерското место кога се најдобрите стрелци во Европа во прашање.

Меси е лидер со 29 постигнати погодоци, а веднаш зад него се наоѓа суперталентираниот Килијан Мбапе од редовите на Пари Сен Жермен. Мбапе стигна до втората позиција благодарение на погодоците во дербито против Олимпик Марсеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот ветеран Фабио Кваљарела кој доживува втора младост во дресот на Сампдорија се наоѓа на третата позиција со пет голови помалку од Французинот.

Масмилијано Алегри му даде одмор на Кристиано Роналдо овој викенд во натпреварот против Џенова, па така Португалецот остана на 19 голови колку и што има Пјонтек кој не успеа да погоди во градското дерби против Интер.

Табелата во трката за „Златната копачка“ изгледа вака:

Лионел Меси 29 голови
Килијан Мбапе 26 голови
Фабио Кваљарела 21 гол
Кристијано Роналдо 19 голови
Криштоф Пјонтек 19 голови

Останува да видиме до крајот на сезоната кој ќе го освои ова признание, засега Меси чекори кон одбрана на оваа титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…