Аргентина со победа ја започна одбраната на титулата на Копа Америка откако синоќа ја совлада Канада со 2:0 во првиот натпревар на Копа Америка.
Алварез и Лаутаро Мартинез ги постигнаа победничките голови во вториот дел. Лионел Меси го искористи натпреварот за рекорд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меси синоќа го собори и рекордот по број на настапи на Копа Америка започнувајќи го својот 35. натпревар во ова натпреварување. Најдобриот аргентински стрелец на сите времиња и играч со најмногу настапи, го надмина поранешниот чилеански голман Серхио Ливингстон, кој го постави рекордот во 1953 година.
36-годишниот фудбалер го имаше своето деби на Копа Америка на 20-годишна возраст во 2007 година, а го освои турнирот во 2021 година. Меси постигна 13 гола и забележа 17 асистенции на Копа Америка.