Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси сруши рекорд и на Инстаграм!

Меси сруши рекорд и на Инстаграм!

Аргентина предводена од Лионел Меси вчера го освои Светското првенство во Катар, за Меси тоа беше последната шанса да стигне до трофејот кој му недостасува и на крајот и успеа.

Секако дека трофејот е најважен, но Меси на патот до него сруши бројни рекорди, а сега руши рекорди и на Инстаграм.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јасно беше дека најголем дел од фудбалскиот свет само поради Меси навива Аргентина да го освои трофејот, показател за тоа и денешниот рекорд.

Имено, објавата со фотографиите со трофејот од Мундијалот на профилот на Инстаграм на Меси стана најлајкуваната објава на една личност на Инстаграм.

За помалку од 24 часа објавата на Меси собра над 42 милиони лајкови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Многу имиња се споменуваат за менаџерската позиција во Челси, но кои се фаворити

Откако вчера раководството на Челси донесе одлука да се раздели со деветтиот менаџер за по…