Дома Топ вести Меси со емотивна порака до Иниеста: Ти си феномен, на теренот и надвор од него

Меси со емотивна порака до Иниеста: Ти си феномен, на теренот и надвор од него

Аргентинецот поради семејни причини не се појавил на конференцијата на која Иниеста се простуваше од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иконата на Барселона Андрес Иниеста на крајот од сезоната ќе го напушти клубот после 22 години поради што во текот на вчерашниот ден беше одржана и прес-конференција за медиумите.

Иниеста како и останатите во салата не може да ги задржат солзите пред големиот број новинари. Помеѓу присустните во салата не се појавија Лео Меси и Луис Суарез.

Отсуството на Аргентинецот и Ургваецот многумина непријатно ги изненади, од клубот стигна објаснување дека не можеле да присуствуваат поради семејни причини.

Во текот на денот преку својот Инстаграм профил се огласи Меси со емотивна порака до својот соиграч.

„Андрес, ти благодарам за сите овие години. Беше привлегија да се ужива со тебе и да се доживуваат толку незборавни моменти, ти посакувам се најдобро во твојата нова етапа во животот и кариерата. Ти си феномен на теренот и надвор од него. На сите ќе ни недостасуваш“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англичаните останаа без важен фудбалер пред натпреварот со Хрватска, Тухел повика замена

Англиската репрезентација се соочува со проблем со составот пред почетокот на Светското пр…