Многубројни фудбалери од Шпанија се соочија со осуда за избегнување на плаќање данок.
Тој во 2016. година беше осуден на 21 месец затворска казна, а мораше на ржавата да плати 12 милиони евра. Во затвор не отиде затоа што казната беше помала од две години, но парите мораше да ги плати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот тврди дека одредени медиуми од Мадрид одлучиле да покренат процес против него.
„Постоеше наредба од Мадрид да ме нападнат, да ме победат и да искористат момент на слабост. Беше тешко да се помине преку тоа.“ – изјави Меси и додаде:
„Бев близу до депресија поради начинот на кој медиумите од Мадрид ме нападнаа со тоа што го пишуваа за мене и моето семејство. Беше многу тешко.“
„Имав среќа. Поддршката од луѓето кои ме сакаат од Барселона ми помогна да се опуштам.“
Проблеми со данокот освен Меси имаа уште многу ѕвезди, а посебно Кристијано Роналдо кој веќе со месеци се обидува да се договори за исплата на парите за кои Шпанија го обвинува дека ги сокрил.