Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси го коментираше постигнувањето со националниот тим со кое го надмина легендарниот Диего Марадона.
Меси синоќа против Полска го одигра 22 меч на светските првенства со Аргентина и така го надмина рекордот на Марадона, кој има 21 меч со „гаучосите“ на Мундијалите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Диего ќе беше среќен. Тој отсекогаш беше среќен за убавите работи кои се случуваа на аргентинскиот национален тим, се радуваше и на сите мои успеси. Отсекогаш беше близок и ми покажуваше љубов. Јас не знаев за овој рекорд, но сум среќен“, изјави Меси.