Во средата Лионел Меси одби да гостува во емисијата на телевизијата CBS Sports снимена во Мајами во рамките на Лигата на шампионите, а причината е стручниот коментатор и легендарен дефанзивец на Англија и Ливерпул Џејми Карагер.
Водителката Кејт Абдо среде емисија изјави дека испратиле официјална покана до клубот на Меси, Интер Мајами.
„Знаете ли што официјално одговорија? Може ли да го кажам ова? изјави водителката и откри: „Изгледа дека Меси нема да дојде во телевизиското шоу во кое учествува Карагер“.
Поранешните фудбалери, сега и стручни коментатори, Тиери Анри и Мика Ричардс беа шокирани, а Карагер со смеа изјави дека одлуката на Меси му носи слава.