Ла Лига го слави 90-тиот роденден и по тој повод за крај на годината тие направија интервју со Лионел Меси.
Меси се запиша како најдобар голгетер во шпанската фудбалска лига и самиот призна дека тој рекорд му е еден од омилените кои ги остварил во кариерата. Аргентинецот до тој рекорд стигна уште во 2014 година кога го помина Телмо Зара. Во овој момент е на бројката од 432 гола во Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ла Лига има посебно значење за мене и тоа што сум најдобар стрелец ми буди посебно чуство. Овој рекорд ми е еден од омилените во кариерата“, призна Меси.
Освен тоа тој зборуваше и за слободните удари кои во последно време ги изведува маестрално.
„Во овие последни години започнав да правам опсервација пред да го изведам слободниот удар. Гледам дали голманот се движи, правили чекор пред линијата, ги следам неговите реакции и добро го анализирам живиот ѕид. Со вежбањето на тренинзите морам да признаам дека дополнително го подобрив шутот“, изјави Лео.