Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси смета дека ова лето може да си замине од Барселона без обештетување.
Само еден ден по одлуката на шпанската Ла Лига дека Меси може да замине од Барселона само за 700 милиони евра, колку што изнесува излезната клаузула, Аргентинецот повлече потег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми наведуваат дека Меси го пропушти и денешниот тренинг како и вчерашниот повик за тестирање.
Аргентинецот смета дека завршил со каталонскиот клуб, чиј член е речиси две децении, и нема намера да се врати на обврските кон Барселона.
Дури и по цена на големата казна која го очекува. Односно, за тоа што вчера не се појави на тестирањето за корона вирус, тој треба да плати повеќе од половина милион евра.
Дотолку повеќе до ова само ги подгреа гласините дека договорил трансфер во Манчестер Сити.