Дома Топ вести Меси не доаѓа на тренинг, Барса го казнува драстично

Меси не доаѓа на тренинг, Барса го казнува драстично

Лионел Меси влезе во отворена „војна“ со Барселона и реши да не ги исполнува своите обврски кон клубот.

Шпанските медиуми наведуваат дека Меси го пропушти и денешниот тренинг како и вчерашниот повик за тестирање.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот смета дека завршил со каталонскиот клуб, чиј член е речиси две децении, и нема намера да се врати на обврските кон Барселона.

Дури и по цена на големата казна која го очекува. Односно, за тоа што вчера не се појави на тестирањето за корона вирус, тој треба да плати повеќе од половина милион евра.

Во Барселона сметаат дека тоа што го прави нивниот капитен е недопуштено и ќе продолжат да го казнуваат. Анекс во договорот потврдува дека ако играч три пати неоправдано не се појави на тренинг ќе биде казнет со 25% од платата.

Каталонските медиуми тврдат дека Меси ќе биде казнет со 110.000 на ден, бидејќи се уште е со договор врзан со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Детенце од трибините испрати силна порака до фудбалерите на Челзи

Во вчерашниот натпревар од Премиер лигата, екипата на Челзи доживеа вистински дебакл во по…