Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер ал Келаифи изјави дека парискиот клуб заработил 700 милиони евра од доаѓањето на аргентинската ѕвезда Лионел Меси во Париз.
Меси (35) минатото лето се пресели од Барселона во Пари Сен Жермен. Аргентинскиот фудбалер потпиша тригодишен договор со „светците“ за 110 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Растот што ни го донесе тоа што тој е во клубот се рефлектира во тоа што договоривме пет до осум милиони евра во истиот период за спонзорски договори, кои ни донесоа меѓу три и пет милиони евра годишно. Според тоа, јасно е дека не е потребен коментар за тоа колку ни значи доаѓањето на Меси“, изјави финансискиот директор на ПСЖ, Марк Армстронг.
Тој додаде дека ПСЖ заработил и на пазарот на криптовалути, а приходот бил од околу 300 милиони евра.