Дома Фудбал Меси концизен, или во центарот на вниманието или се „буди ѓаволот“

Меси концизен, или во центарот на вниманието или се „буди ѓаволот“

Што може да го разлути Лео Меси? Иако Аргентинецот ретко можеме да го видиме бесен, неговиот некогашен соиграч, легендарниот Чави, открива дека тоа може да се случи.

И Лео Меси знае да „ги изгуби нервите“ од време на време, па така можевме да го видиме како му викаше на Иван Ракитиќ во текот на еден меч. Фантастичниот Аргентинец тогаш се разлути што судијата досуди офсајд, откако на Ракитиќ му беше потребно многу време да му го упати пасот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, она што најмногу го лути Меси се ситуациите во кои не е активно вклучен во игра, открива Чави.

„Во Барселона и репрезентацијата на Аргентина не смеат да дозволат да минат 10 минути игра, а Лео да не ја допре топката“, вели Чави за шпански Спорт и додава:

„Лео мора да биде вклучен во играта, мора да биде во центарот на случувањата, таму кадешто е топката. Во спротивно, тој ќе збесне. Ако не ја допре топката пет минути, морате да го промените таму кадешто е топката. Тој мора да учествува во акциите“, заклучи на крајот некогашниот капитен на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …