ПСЖ одигра лош прв натпревар против Баерн Минхен во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите, до последните 15-тина минути шампионот на Франција скоро и да не закани.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Францускиот новинар Санти Аоуна за „Footmercato“ објави текст во кој истакнува дека Мбапе полека но сигурно се промовира во лидер на екипата. Тој пишува за негов говор во соблекувалната и интервјуто после натпреварот во кое ги коментираше соиграчите.
Мбапе во тоа интервју изрази оптимизам пред реванш натпреварот, но и се обиде да ги разбуди соиграчите со своите зборови.
„Мислам дека пред се мораме да бидеме здрави. Сите би требало добро да јадеме, добро да спиеме и да се припремиме најдобро што можеме. Видовте дека кога игравме напаѓачки им создававме проблеми. Одиме да победиме и да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Мбапе.
За многумина, овие зборови посебно се однесуваат за Нејмар кој најмногу има проблеми со спортскиот живот.