Драматично беше и во второто четвртфинале кое вечерва го играа Холандија и Аргентина. Како и на дуелот Бразил – Хрватска и сега патникот во полуфиналето се решаваше по изведувањето на пенали, а таму се радуваше Аргентина.
Одлично започна Аргентина и создаваше прилики од самиот почеток, а таквата игра им се исплатеше во 35. минута. Меси испрати магична асистенција за Молина кој одличната позиција ја искористи и ги доведе „Гаучосите“ во водство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што одминуваше времето Холандија се ослободуваше од притисокот, меѓутоа Аргентина стигна и до втор гол. Меси од пенал во 73. минута го постигна својот 10-ти гол на Мундијалите.
Lionel Messi isn’t human. Who else sees that pass.
— SPORTbible (@sportbible) December 9, 2022
pic.twitter.com/6Hme0EoU0k
Преку Вејхорст на десетина минути до крајот Холандија дојде до 1:2. Од тој момент Холандија силно притискаше и се играше пред голот на Аргентинците, а голот за изедначување дојде во 100-тата минута буквално во последните секунди 10-те минути продолженија кои ги даде судијата Лахоз.
Lionel Messi’s penalty was so cold.pic.twitter.com/hXRW8KQsnx
— Team Leo (@TeamLeo10i) December 9, 2022
Кога сите очекувааа шут од прекршокот кој беше во одлична позција, Копмајнерс го проигра Вејхорст кој беше зад живиот ѕид и успеа да се снајде да ја смести топката во мрежата за 2:2 и продолженија.
GOL DA HOLANDA AOS 55 do 2º TEMPO MEU DEUS DO CEU
— Diário de Gols, infos e Stats | Olho no fixado 👀 (@DiarioGols) December 9, 2022
Holanda 2×2 Argentina
⚽️ Weghorst (2)
pic.twitter.com/8xSL8wSX9x
Беше поконкретна Аргентина во продолженијата двапати по 15 минути, во финишот ја погодија и стативата. Сепак, мрежата не се тресеше по третпат и се изведуваа пенали.
Ван Дајк прв шутираше, а Емилијано Мартинез го одбрани неговиот удар. Меси прв застана од Аргентинците и беше сигурен. Мартинез блесна и во обидот на Бргјуз, Паредес одлично шутираше за 2:0. Копмајнерс го постигна првиот гол од пенал серијата за Холандија.
Монтиел го испрати Долберт на спротивната страна за 3:1 на Аргентина. Вејхорст погоди и од белата точка.
Надежта кај Холанѓаните се врати со промашениот пенал на Фернандез. Лук Де Јонг изедначи на 3:3, за втората меч топка кај Аргентина да ја има Лаутаро Мартинез кој за разлика од Фернандез не промаши и обезбеди полуфинале на Аргентина.