Дома Фудбал Меси испрати порака на поддршка до Роналдињо: Немам зборови, ти посакувам да си силен

Меси испрати порака на поддршка до Роналдињо: Немам зборови, ти посакувам да си силен

На 71 годишна возраст вчера почина Дона Мигелина, мајката на легендарниот Роналдињо, а поддршка за бразилскиот „волшебник“ пристигнува од сите страни.

Мигелина почина после компликации предизвикани од коронавирусот.

Поддршка Роналдињо доби од сите негови поранешни клубови и соиграчи, а помеѓу нив е и Лионел Меси.

„Рони, немам зборови и не можам да верувам. Само ти посакуам да си многу силен, прегратка за целото твое семејство. Жал ми е, нека почива во мир“, порача Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…