Дома Трансфер зона Меси имал разговор со управата, советувал кои играчи да се продадат, а кој да се купи?

Меси имал разговор со управата, советувал кои играчи да се продадат, а кој да се купи?

Екипата на Барселона се наоѓа во мини криза, каталонскиот гигант веќе три натпревари не знае за победа во шпанската Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона запиша две нерешени средби на домашен терен, а помеѓу нерешните исходи со Џирона и Атлетик Билбао, доживеаа изненадувчаки пораз од Леганес.

Шпанските медиуми утрово објавија дека поради ваквите резултати Меси разговарал со управата на клубот и ги советувал што треба да направат во јануари.

Наводно, Меси порачал дека најдобро за клубот би било да ги продаде Нелсон Семедо, Томас Вермален и Рафиња бидејќи според него тоа не се играчи од калибар за клуб каков што е Барселона.

Исто така, капитенот на Барселона јасно ставил до знаење дека клубот мора да се засили на почетокот на 2019 година. Меси верува дека со парите од продажбата на тројцата споменати играчи е паметно да се вложат во Пол Погба кој често се поврзува со Барселона, поради ситуацијата во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…