Фудбалерите на Барселона вчера на свој терен потешко од очекуваното го победија Ваљадолид со 1:0.
Каталонскиот клуб успеа да дојде до победа со гол во 90. минута кога погоди Осман Дембеле.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многумина сметаат дека судијата до некаде им помогна на Каталонците да дојдат до трите бода (двете спорни ситуации можете да ги погледнете тука).
Сепак, ниту во Барселона не се баш најзадоволни од судиењето.
Имено, на полувремето камерите го снимија Меси како на делегатот на Барселона Карлес Навал му зборува за судијата.
„Овој судија сака да ми даде жолт картон, се обидува во тоа на сите начини, неверојатно“, зборува Меси.
Ќе потсетиме, Меси беше под закана ако добие жолт картон со Ваљадолид да го пропушти „Ел Класико“ кое на програмата е наредниот викенд.