Јасно е што се случува кога Меси не сака некого во Барселона, тоа некогаш го почуствува и Ибрахимовиќ, сепак овој пат веројатно се работи само за совет од Аргентинецот до летното засилување.
Осаман Дембеле пред почетокот на оваа сезона пристигна во Барселона како големо засилување од Борусија Дортмунд и замена за Нејмар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Дембеле баш и не се наигра во досегашниот дел од сезоната, причината за такво се проблемите со повреди. Во овој играч беше вложена огромна сума, но јасно е дека ќе биде потребно уште некое време за тој да се прилагоди на играта на Барселона.
Шпанскиот „Дон Балон“ објави дека не е невозможно Дембеле веќе на лето да ја напушти Барселона. Наводно Лионел Меси му порачал дека може да замине доколку тој тоа го сака.
Наводно, интерес за Дембеле постои од Арсенал, а Арсен Венгер верува дека токму тој може да биде новиот Тиери Анри. Сепак тешко може да се верува дека Барселона после само една сезона ќе го пушти фудбалерот во кој вложи 140 милиони евра.