Во сабота во рамките од 1/8 финалето на Мундијалот во Русија ќе се сретнат селекциите на Франција и Аргентина.
Аргентинците покрај лошиот старт, некако успеаа да се извлечат и да обезбедат осминафинале, сега таму ги чека силната Франција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој натпревар ќе биде дуел и на фудбалерите од Барселона Меси кој ќе ја предводи Аргентина и Умтити на спротивната страна.
„Навистина би сакал Меси да е мој соиграч во Русија, но бидејќи не е, нашето пријателство за тие 90 минути ќе биде прекинато. Во сабота ќе биде мој непријател. Дали би сакал да го поразам непријателот? Да, и тоа како. Се надевам дека ќе тагува по тој натпревар“, изјави Умтити.
Франција и Аргентина својот натпревар ќе го играат од 16:00 часот.