Германскиот дефанзивец Пер Мертесакер го изненади фудбалскиот свет со признанието дека не ги сака големите натпревари и дека му создаваат неверојатен притисок.
Мертесакер призна дека „му се врти стомакот и му се повраќа“ пред големите мечеви, нешто од што страдаат сите професионални фудбалери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Некогаш сфаќате дека таквите мечеви се товар, физички и ментално. Не е забавно, но морате да бидете на нивото, дури и да сте повредени. Пред мечевите почнува да ми се врти во стомакот и морам да повраќам. Понекогаш дури се гушам додека очите не ми насолзат“, објасни Мертесакер.
Тој вели дека најлошо се чувствувал пред полуфиналето на СП во 2006 година, кога имаше само 21 година, а Италија ја совлада Германија.
„Бев многу разочаран од поразот, но од друга страна ми олесна. Уште се сеќавам како да се случи вчера. Си велев: ’Заврши, конечно, заврши!’“, додава Мертезакер.