Дома Фудбал Мендеш: Роналдо е најдобар, видете што му се случи на Реал без него!

Мендеш: Роналдо е најдобар, видете што му се случи на Реал без него!

Агентот на Кристиано Роналдо, Жорге Медеш е убеден дека Португалецот треба да ја освои „Златната топка“ и оваа година.

Супер-агентот за пример ја наведе резултатската криза после заминувањето на Роналдо и заклучи дека Португалецот ја подигнал класата на Јувентус.

„Мислам дека Роналдо ќе ја освои Златната топка. Тој игра на фантастично ниво. Кристиано е најдобриот фудбалер во историјата. Погледнете што му се случи на Реал откако замина. Исто така слободно можеме да кажеме дека ја подигна класата на Јувентус“, истакна Мендеш.

Роналдо и оваа година е меѓу номинираните за „Златна топка“, но не е прв фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…