Дома Фудбал Мендеш го носи Еспирито Санто во Тотенхем

Мендеш го носи Еспирито Санто во Тотенхем

Суперагентот Жорге Мендеш работи на тоа менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто да седне на тренерското столче во Тотенхем.

После отказот на Жозе Мурињо „спарси“ наместија привремен тренер и се во потрага по нов менаџер за следната сезона.

Санто има договор со „волците“ до 2023 година, но сака да се пресели во Тотенхем, па целата операција ја води Жорге Мендеш.

Мендеш е во контакт со Тотенхем и веќе работи на тоа да го ослободи Санто од Волвс без отштета за да може тренерот да потпише со „спарси“.

Тој веќе нашол нов тренер за Вулверхемптон, а станува збор за Бруно Лаже, кој е бив тренер на Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалот во Аргентина ќе запре поради Меси, еве што ќе му приредат

Аргентинската фудбалска лига ќе му оддаде почит на Лионел Меси по неговото повлекување од …