Дома Фудбал Останато Менаџерот на Хадерсфилд открива: Јас сум КУМ на Клоп, на неговата свадба бев „мртов“ пијан

Менаџерот на Хадерсфилд открива: Јас сум КУМ на Клоп, на неговата свадба бев „мртов“ пијан

Интересна приказна ни доаѓа од Англија, но се започнало во Мајнц…

Менаџерот на Хадерсфилд, Дејвид Вагнер, откри интересни моменти од минатото поврзани за како што кажува неговиот најдобар пријател Јирген Клоп на кого му е и кум.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клоп и Вагнер се запознале уште во 1991 година кога тогаш 19 годишниот Вагнер беше соиграч на Клоп во Мајнц кој тогаш се натпреваруваше во втората германска лига. Од тогаш тие се најдобри другари.

„Тоа беше љубов на прв поглед, како што ние Германците сакаме да кажеме. Станавме пријатели од нашата прва средба. Зборувавме за исти работи, а од првиот ден бев и цимери“, открива Вагнер.

Потоа овој тандем соработуваше и во Борусија каде што Вагнер го водеше резервниот тим на „милионерите“, а најдобрите другари овој месец ќе се сретнат на „Енфилд“ во рамките од Премиер лигата каде што во овој момент Хадерсфилд заостанува само три бода зад Ливерпул.

Едно е сигурно како и да заврши тој натпревар, кумовите ќе одат на пиво на после тој натпревар.

„Не сум баш добар во пиењето, потребни ми се само две пива за веќе да бидам пијан. Јирген тоа многу подобро го прави од мене. Му бев кум на неговата свадба во 2005 година, но не се сеќавам каков говор сум одржал, ниту пак што се случувало, бев мртов пијан“, зборуваше Вагнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…