Бразилецот Нејмар заработи директен црвен картон во неделното дерби помеѓу ПСЖ и Марсеј во Лига 1. Длабоко во судиското продолжение Нејмар го удри Алваро Гонзалес кој расистички го навредувал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Главниот судија доби повик од ВАР собата да го види однесувањето на Нејмар. По прегледувањето на снимките Нејмар беше исклучен додека Гонзалес остана на теренот.
Двајцата фудбалери и после натпреварот преку социјалните мрежи се обвинуваа еден со друг, а на страна на Нејмар сега застана неговиот сонародник Фелипе Мело.
„Добро направено, навистина е штета што не можам да играм против тоа расистички го*но“, порача Мело.
Único arrependimento que tenho é por não ter dado na cara desse babaca
— Neymar Jr (@neymarjr) September 13, 2020