Дома Трансфер зона Мекгваер повторно на цена: Три лондонски клуба се „тепаат“ за него!

Мекгваер повторно на цена: Три лондонски клуба се „тепаат“ за него!

Англискиот репрезентативец Хари Мекгваер утре може да го одигра последниот меч за Лестер, тврдат медиумите на Островот.

Арсенал, Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за неговиот потпис и ќе се обидат да го донесат во своите редови ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „лисиците“ нема да го пуштат лесно својот играч и за неговата слобода бараат минимум 60 милиони фунти. Тоа ќе го направи Мекгваер најскапиот англиски дефанзивец во историјата.

Манчестер Јунајтед минатото лето во неколку наврати се обиде да го купи Мекгваер, но не успеа да се договори со Лестер.

Тотенхем пак во него гледа идеална замена за Алдервајлед, кој ова лето најверојатно ќе го напушти клубот. Арсенал исто така сака да ја засили одбраната, додека Челзи е во незавидна позиција поради казната за забрана на трансфери.

Мекгваер пристигна во Летер во 2017 година од Хал за 12 милиони фунти и се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…